Лето 2019

Суто Море, Црна Гора, Лето 2019

СУТОМОРЕ 2019
Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе баровите, дискотеките, забавните пaркови за деца и другите објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор.
Сместувањето е во центарот на градот на само 250м од плажа и ги нуди следниве капацитети:

  • ВИЛА БОГОЕВИЌ располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби. Собите на првиот и вториот кат се со заедничко купатило, односно на две соби има еден тоалет. Овие соби немаат клима и фрижидер. ( колона 1 од табелата ). На третиот кат собите имаат сопствено купатило, клима и фрижидер ( колона 2 од табелата). Kористење на клима уредот е вклучен во цената.
  • ВИЛА СКАУТ располага со двокреветни, трокреветни соби и четворокреветни апартмани. Секоја соба има клима , тоалет, фрижидер, тераса. Користењето на клима уредот е вклучено во цената (колона 3 од табелата).
  • ВИЛА СКАУТ 1 располага со стандардно опремени соби со тоалет, клима, фрижидер и со тераса. Во својот сместувачки капацитет има трокреветни и четворокреветни соби. (колона 3 од табелата). Kористење на клима уредот е вклучен во цената.
  • ВИЛА ИВАНКО располага со двокреветни, трокреветни и со четворокреветни соби. Секоја соба е опремена со клима, ТВ, тоалет, фрижидер и со тераса. Користењето на клима уредот е вклучено во цена. (колона 4 од табелата).
  • ВИЛА ЕКСКЛУЗИВ располага со двокреветни и со трокреветни соби опремени со клима (вклучена во цената), ТВ, тоалет, фрижидер и тераса. На секој кат во вилата има заедничка кујна опремена со основен прибор. (колона 5 од табелата)

ВИЛА БОГОЕВИЌ

ВИЛА СКАУТ

ВИЛА СКАУТ 1

ВИЛА ИВАНКО

ВИЛА ЕКСКЛУЗИВ

ИН ТРАВЕЛ

  •   Димитрије Чуповски 26, Скопје

  •    Телефон: +389 2 3121 551

  •    E-mail: info@intravel.com.mk

Општи услови за патување

FACEBOOK

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ