Доколку ова лето барате волшебно место за вистински да се одморите, тогаш заминете во Каламитси, скриеното богатство на југоисточниот брег на полуостровот Ситонија.
Вилата „Vrahos“ се наоѓа на само 20 метри од една од најубавите плажи на Ситонија-Каламитси. Лоцирана е на прва линија до морето и од терасите на апартманите се простира неверојатно убава глетка кон целиот залив. Во оваа вила располагаме со четирикреветни апартмани на прв и втор спрат со тераси кои имаат директен поглед на море. Сите сместувачки капацитети имаат нов квалитетен мебел и солидно опремени кујни (електричен шпорет со рерна и фрижидер со одделна комора за замрзнување), телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило. Гостите во вилата имаат на располагање и простран двор на платформа опремен со маси и столчиња и простор за скара. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет.
Вилата „Angeliki“ се наоѓа на само 100 метри од една од најубавите плажи на најмалото скриено богатство на Ситонија-Каламитси. Во оваа раскошна вила располагаме со трокреветни и четирикреветни студија на прв и втор спрат со пространи тераси од кои некои имаат бочно поглед кон морето. Сите сместувачки капацитети се опремени со квалитетен мебел и кујни, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило. Гостите во вилата имаат на располагање и простран двор за уживање: тука децата можат безбедно да играат, а за возрасните еден дел од просторот е опремен со дрвени маси и столчиња и простор за скара. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет.
Димитрије Чуповски 26, Скопје
Телефон: +389 2 3121 551
E-mail: info@intravel.com.mk
© Copyright 2017 In Travel