Лето 2019

ЈЕРИСОС

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики, на третиот крак Атос. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која има Сино Знаме за чистота. Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. На крајот од шеталиштето во Јерисос се наоѓа старата Ветерница во која е сместен Музејот на историја, а на самото шеталиште е големиот аквариум. Доколку сте љубители на мирот и спокојството, тогаш наша препорака е да ги посетите околните плажи Kakoudia и Ksiropotami.

ПОПУСТИ И СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ

10% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 01.03.2019

Вила „Maria“

Вилата „Maria“ се наоѓа на само 80 од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата. Сите имаат опремени кујни кои се целосно издвоени од спалните соби и имаат прозор, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Дел од сместувачките капацитети имаат тераси со поглед во дворот на вилата, а останатите се со поглед на улица. Сите тераси се заштитени со тенди. Гостите можат секојдневно да се одмараат во дворот на вилата кој е опремен со пластични маси и да ја користат скарата. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена.

ИН ТРАВЕЛ

  •   Димитрије Чуповски 26, Скопје

  •    Телефон: +389 2 3121 551

  •    E-mail: info@intravel.com.mk

Општи услови за патување

FACEBOOK

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ